Охрид слави голема победа во плеј-офот, на домашен терен по голема драма го совлада Металург со 27-26. За домашниот тим ова беше втор триумф сезонава, на другата страна скопскиот состав го запиша вториот пораз.
Охриѓани влегоа мотивирани во дуелот со фаворитот, на двапати имаа позитива од четири гола (9-5 и 14-10). На другата страна гостите играа под нивото во одбраната, во нападот немаа реализација, Даниловски беше одличен на својот гол. Металург конечно успеа да се доближи на 11-10, но две одбрани на противничкиот голман беа доволни за серија на Охрид за 14-10. На одморот беше 15-12.
По одморот тимот од Автокоманда израмни на 15-15, на другата страна гостите беа шест минути без постигнат гол. Металург успеа да дојде до водство од 19-20 на средината на овој период, и не застана во 47. минута беше 21-24.
Охрид на нецели пет минути до крајот израмни на 26-26 за неизвесна завршница. Металург не успеа да реализира за нов водство во 59. минута, напад за победа имаше домаќинот, Ѓоргевски спречи гол, но Тот ја собра одбиената топка за голема победа.
sportmedia.mk