Биткоинот вреди над 51.000 долари, каде е крајот?

18.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Биткоинот вреди над 51.000 долари, каде е крајот?

Биткоинот денеска првпат го надмина нивото од 51.000 долари, достигнувајќи вредност од 51.715 долари, нов најголем рекорд досега, според податоците на Coin Metrix.

Веројатно големите инвестициски банки на Волстрит се многу заинтересирани за купување на најголемата светска криптовалута.

Од JPMorgan Chase & Co. неодамна порачаа дека се сериозно заинтересирани за вложување во оваа дигитална валута, а интерес за криптовалути покажал и Goldman Sachs, но и Morgan Stanley наводно размислува за додавање на биткоинот на својата листа на евентуални влогови.

Компаниите како што се PayPal и Mastercard веќе дадоа огромна поддршка за оваа криптовалута, додека Tesla минатата недела соопшти дека вложил 1,5 милијарди долари во купување на биткоини и планира да ги прифати овие виртуелни пари како средство за плаќање на неговите производи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата