Затворени две автобуски постојки поради реконструкција на булеварот „Александар Македонски“

14.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Затворени две автобуски постојки поради реконструкција на булеварот „Александар Македонски“

Поради градежни работи на булеварот „Александар Македонски“ во правец кон излезот на Скопје, вон функција се постојките кај Меркур и Автодром. Како што известуваат од ЈСП, сега автобусите застануваат само на постојките кај Алкалоид и СЕТУ „Михајло Пупин“.

Истовремено, поради тековната реконструкција на булеварот, линија 2 во правец према Автокоманда сообраќа преку Пивара.

Посочениот режим ќе важи се додека траат градежните активности на булеварот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата