Најдобриот тенисер на свет Новак Ѓоковиќ донира пет милиони динари на Општа облница во Нови Пазар.
Епидемијата во овој град земала голем замав, каде што невидливиот непријател ги нападнал и тамошните лекари поради што ситуацијата е драматична.
Мехо Махмутовиќ, директор на Општа болница во Нови Пазар, пренесен е во Белград, откако бил позитивен на корона вирус.
Новак имајќи ја во предвид тешката ситуација во тој град лично го контактирал раковотството на болницата и понудил “Фондацијата Ѓоковиќ“ веднаш да купи се што е потребно за лечење на заразени од Ковид-19. Ѓоковиќ уште денеска уплатил пет милиони за купување заштитна опрема, лекови, медицински апарати, а договорено е следната недела да уплати уште онолку колку што е потребно“, рекол директорот на Домот за здравје во Нови Пазар Чоровиќ
Во прашање е голема помош, убедливо најголема која Нови Пазар некогаш ја добил, наведува директорот Ервин Чоровиќ.
“Во име на сите граѓани на Нови Пазар и сите здравствени работници се заблагодаруваме на помошта која ќе биде искористена во оваа борба и за купување заштитна медицинска опрема, медицински апарати и лекови“, истакнал Чоровиќ