ПОЛА СКОПЈЕ СЕ ЗАТРУ ВО СЕНДВИЧАРНИЦА, надлежните не ја затвораат! (Видео)

1.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЛА СКОПЈЕ СЕ ЗАТРУ ВО СЕНДВИЧАРНИЦА, надлежните не ја затвораат! (Видео)

Затруени граѓани од скопска сендвичарница завршуваат на инфузија во болница. Деновиве голем број лица се пожалија на висока температура, дијареја, грчеви во стомакот откако како што тврдат  јаделе во Гранд Бургер. Голем број од нив купиле од храната за време на викендот и по неколку часа настапило труењето. 19- годишниот  Мартин Ливрински јадел хамбургер заедно со својот другар. Силни грчеви во стомак го разбудиле по што почувствувал и висока температура. Помош побарал во приватна болница. Мартин се уште не се чувствува добро иако поминале 4 дена.

Меѓу затруените се Инес Ефремова и нејзиниот сопруг. Нарачале по телефон хамбургери со помфрит за дома во саботата. Истите симптоми ги почувствувале рано утрото и прво се посомневале на вирусот Ковид 19. Помош побарале во брзата помош, а оттаму ги упатиле во ургентниот центар на болницата 8 септември а потоа на клиниката за Токсикологија.

На Токсикологија, околу 22:30 часот исто ни потврдија дека повеќе луѓе од "Гранд бургер" пријавиле труење дента и веднаш ме примија. Таму се онесвестив, па примив кислород и три шишиња инфузија и ме задржаа до 7 часот следниот ден. Сега сум дома, уште се чувствувам лошо и чекам резултати од копрокултура за да се потврди конкретната бактерија, изјави Инес Ефремова.

Труење од сендвичите на Гранд бургер имаат и мали деца. Бројни реакции стигнуваат преку социјалните мрежи. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека до сега нема пријава од скопскиот центар за јавно здравје за случајот со труењето за да излезат на терен и времено да ја затворат сендвичарницата. Не јасно е зошто никој не реагирал за случајот и кој потфрлил по толкав број на пациенти кои тврдат дека со симптоми на труење завршиле во болница. Додека здравствените служби чекаат официјална пријава од АХВ веќе постапиле.

И АХВ тврди дека не добиле официјално известување од здравствените институции за труењето.

АХВ направи вонредна контрола во сендвичарница во Скопје, која во претставката беше посочена како објект од кој биле нарачани сендвичи со пилешко месо кои предизвикале труење кај три лица. Со контролата не се констатирани отстапки во поглед на хигиената во објектот, а од храната земени се мостри за лабораториско испитување.

Доколку мострите покажат присуство на бактерија, агенцијата веднаш ќе ја затвори сендвичарницата.

Од Сител одговори побарале и од сопственичката на Гранд бургер, која ја затекнале на работното место. Таа  не сакала да зборува пред камера, се додека не бидат готови резултатите од земените мостри. Тврдела дека работат согласно сите стандарди и во хигиенски услови. И кај нив дошле граѓани да се пожалат на труење од сендвичи со пилешко месо, а вчера и денеска вели биле посетени од надлежните кои на лице место не констатирале недоследности.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата