Станува збор за метален четириножец, дизајниран да ги „замени“ живите миленичиња, а технологијата го направи совршено да ги слуша наредбите на сопственикот.
На почетокот, младиот човек дава едноставни команди, како „седни“ или „погалисе со шепата“, потоа да прави салто и бара од кучето робот да го повтори дејството.
Сепак, работите тргнуваат наопаку, бидејќи по наредбата за „лаење“ - машината почнува да исфрла оган!
Исплашениот млад човек скока во базенот за да се спаси, додека пламенот му ги гори панталоните.
Јутјуберот во последните секунди од видеото извикува „Стоп!“, а што се случило потоа не се знае, пренесува NDTV.
Видеото е прегледано повеќе од 45 милиони пати, а корисниците оставија тони коментари. Останува можноста дека се работи за инсценирана претстава, а тоа ќе можете да го процените кога ќе ја погледнете.