Потсетуваме, поради страшната несреќа во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, во цела Србија е прогласен Ден на жалост, а во Нови Сад тридневна жалост.
Со денешната одлука на територијата на цела Војводина ќе има тридневна жалост.
Денеска е Ден на жалост и во Република Српска поради оваа трагедија.
Несреќата се случила вчера околу пладне, кога се урнала бетонската конструкција на настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад.