Захарова му одговори на претседателот на Естонија

27.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова му одговори на претседателот на Естонија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја коментираше изјавата на естонскиот претседател Алар Карис, кој рече дека е неопходно Русија да се фрли на колена.

- А како ќе го направи тоа, нека покаже“, рекла Захарова, пренесува РИА Новости.

Естонскиот претседател Алар Карис претходно изјави дека соседните земји на Русија мора, како што наведе, „да се подготват за најлошото“ и оти Русија нема да се промени ниту по владеењето на претседателот Владимир Путин.

Карис за финскиот јавен сервис Yle изјави дека најважно во моментов е да се запре „руската воена машина“.

- Ќе направиме се што можеме за да ги фрлиме на колена Русија и Путин. Тогаш може да започнат сериозни дискусии за завршување на војната во Украина, рече Карис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата