Во Британија две жени се избодени со нож на плажа, едната починала

25.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Британија две жени се избодени со нож на плажа, едната починала

Британската полиција уапси 17-годишно момче осомничено за убиство, откако вчера една жена беше избодена до смрт на плажата Борнемут. Напаѓачот избодел две жени, 34-годишната жена починала на местото на  инцидентот, додека 38-годишната жена со тешки повреди е пренесена во болница.

Нападот се случил на плажата Дарли Чајн нешто пред полноќ. Полицијата ја затворила плажата додека трае истрагата и соопштила дека осомничениот е тинејџер од Ланкашир, пишува Би-Би-Си.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата