Ужас во Италија: Албанец па ја претепал сопругата со чекан и ѝ го одгризал увото

23.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Италија: Албанец па ја претепал сопругата со чекан и ѝ го одгризал увото

Медиумите јавија за страшниот напад, кој се случил на крајот на април во семејниот стан во Сан Мауро Пасколи, објави Ил Џорно.

Според пријавите, Албанецот (55) е осомничен дека чекал ќерка му да излезе од станот, а потоа фатил чекан и ја удрил сопругата неколку пати во главата.

Додека жената врескала од болка, осомничениот го вклучил телевизорот за соседите да не го слушнат нејзиниот крик.

Во еден момент, додека жртвата се обидувала да му се спротивстави на насилникот, тој ја гризнал за увото и откинал дел од него. После тоа се обидел да ја задави.

За среќа, несреќната жена успеала да го оттурне и едвај да се одржи на нозе, истрчала кај соседите за помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата