-Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна, рече Трамп.
Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите ако војната во Украина не биде запрена, објави Си-Ен-Ен.
-Нема да има светска војна, но ќе има економска војна. Ќе биде лошо за Русија, рече Трамп.
Тој изрази надеж дека сè уште постои пат до медијација во постигнувањето договор за прекин на војната во Украина.
Трамп, исто така, повторно посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сноси дел од вината за конфликтот.
-Тоа што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко, рече Трамп за војната во Украина, додавајќи дека сè уште мисли дека ќе може да помогне во прекин на конфликтот.
Трамп неколку пати се закани дека ќе воведе санкции против Русија доколку не ја заврши војната во Украина и не постави временски рамки за тоа, но подоцна ги продолжи, потсетува Си-Ен-Ен.