Британските медиуми пренесуваат дека планот на германското Министерство за одбрана е доброволната воена служба предвидено е да трае шест месеци.
Целта е да се зголеми бројот на обучени резервисти од сегашните 100.000 на околу 200.000, со очекување дека дел од волонтерите ќе останат во активна служба.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека сака до почетокот на 2030 година бројот на припадници на Бундесверот да се зголеми од сегашните 180.000 на 260.000 за да се исполнат новите цели на НАТО и да се подобри националната безбедност.
Планот е дел од поширокта стратегија за зголемување на воените трошоци и зајакнување на одбранбените капацитети на Германија, соопшти надлежното министерство.
Како што беше претходно наведено, според нацрт-законот, почнувајќи од 1 јануари 2026 година, сите 18-годишни мажи ќе бидат обврзани да пополнат онлајн прашалник кој ќе содржи прашања за нивните интереси, физичка подготвеност и способности.
Оние кои ќе се докажат како соодветни за службата ќе бидат повикани на лекарски преглед, кој ќе стане задолжителен од јули 2027 година.
За да привлече волонтери, Германија ќе понуди значително подобри финансиски услови.
Војниците ќе имаат зголемување на платата, со нето месечна плата од 2.700 евра, што е значително повеќе од сегашните 1.840 евра.
Исто така, ќе им биде обезбеден бесплатен сместување, оброци и превоз, додека оние кои ќе потпишат договор на 12 месеци ќе можат да добијат и до 3.500 евра за возачка дозвола.