Монструмот кој уби две деца во католичко училиште , оставил порака на кирилица- ФБИ истражува (ВИДЕО)

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Монструмот кој уби две деца во католичко училиште , оставил порака на кирилица- ФБИ истражува (ВИДЕО)

Вестман, порано познат како Роберт, пукал низ витражи кон децата што седеле на клупите во црквата „Благовештение“ околу 8:30 часот по локално време, соопштија официјални лица, објави „Дејли меил“.

Потоа го насочил пиштолот кон себе и се самоубил. Американските медиуми објавија дека мајката на Вестман била вработена во училиштето и дека тој го променил своето име во Робин во 2020 година, кога имал 17 години.

Две деца, на возраст од осум и 10 години, биле убиени во нападот, а најмалку 17 други жртви - 14 деца и тројца возрасни - биле повредени.

Идентитетот на монструмот првично бил потврден од локалниот медиум KSTP. Официјалните лица изјавиле дека го истражуваат неговиот мотив, но рекле дека нема познато криминално досие.

Во меѓувреме, профил за кој се верува дека му припаѓа на Вестман е избришан од YouTube, каде што тој објавил нешто што изгледало како манифест само неколку часа пред пукањето.

Полицијата истражува две вознемирувачки видеа. Тие прикажуваат цртежи од црква. Потоа, прикажан е маж како постојано забодува нож во цртежот додека тивко вели „Ќе се самоубијам“.

Други видеа објавени на YouTube профилот прикажуваат делови од пиштол, полуавтоматска пушка и пушка. Деловите од пиштолот се потпишани со имиња на други масовни убијци, како и пораката „убиј го Трамп“.

Интересно е што на едно од видеата, Вестман прелистува тетратка напишана со англиски и кирилични букви.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил информиран за пукањето во католичкото училиште во Минеаполис и дека Белата куќа ја следи ситуацијата.

„ФБИ брзо реагираше и е на местото на настанот“, напиша Трамп на мрежата „Truth Social“.

Претседателот рече дека се моли за настраданите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата