Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина на неговата сопруга, објави Хуриет.
Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени два нерегистрирани пиштоли, соопшти агенцијата. Обвинителите отворија истрага за инцидентот што се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.
Претходно, маж почина на друга свадба
Празничните пукотници се честа појава на свадбите во северниот дел на Турција. Минатата недела, еден маж загина, а две лица беа ранети пред свадба во североисточната покраина Трабзон.
Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.