-Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна, но ќе има економска. Ќе биде лошо за Русија, рече Трамп.
Тој изрази надеж дека сè уште постои пат до медијација во постигнувањето договор за прекин на војната во Украина, но повторно посочи дека и украинскиот претседател Зеленски сноси дел од вината за конфликтот. Во меѓувреме украинските сили потврдија дека руските трупи се преселиле во источниот индустриски регион Дњепропетровск и се обидуваат да воспостават упориште и дека е ова прв ваков напад од големи размери во регионот Дњепропетровск.