Се судрија израелската со египетската војска, има загинати

27.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се судрија израелската со египетската војска, има загинати

Според локалните медиуми, загинал најмалку еден војник.

Веб-страницата Ynet цитира неименувани израелски воени извори кои го обвинуваат Египет за смртоносната размена на оган на границата Газа-Египет.

Според извештајот, египетските сили отвориле оган врз израелските војници на преминот Рафа, а израелските војници возвратиле.

Според извештаите, во инцидентот загинал еден египетски војник. Ynet јавува дека се повредени и други египетски војници.

Ал Џезира, исто така, јавува дека израелската војска објавила куса изјава во која потврдила дека претходно денеска се случил „инцидент со пукање на египетската граница“.

Се наведува дека предметот се истражува и дека „диалогот со египетската страна е во тек“.

Цитирајќи ги израелските медиуми кои наведуваат дека еден египетски војник загинал, а неколкумина се ранети, Ал Џезира наведува и дека меѓу израелските војници нема повредени.

Од Каиро нема официјален коментар за инцидентот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата