Саливан: Рускиот мировен предлог за Украина е целосно апсурдна визија

15.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саливан: Рускиот мировен предлог за Украина е целосно апсурдна визија

Тој, исто така, им рече на новинарите дека отсуството на Кина на мировниот самит во Украина веројатно е резултат „на повикот на Русија да не присуствува“, објавија британските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони за да започнат мировните преговори.

На средбата со раководството на Министерството за надворешни работи, Путин рече дека друг услов за преговори мора да биде изјавата на Киев дека се откажува од намерата да влезе во НАТО. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата