Пукотница во САД: Влегол во компанија, убил двајца свои колеги, тројца ранил (ВИДЕО)

22.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница во САД: Влегол во компанија, убил двајца свои колеги, тројца ранил (ВИДЕО)

Осомничениот е уапсен по полициска потера, соопштија официјални лица, јавува ABC 6.

Инцидентот се случил во компанијата за постелнина во округот Делавер денеска наутро по локално време.

Како што јавува Си-Ен-Ен, осомничениот пристигнал на работното место со огнено оружје и го „истурил бесот“ врз колегите.

„Две лица, за жал, ги загубија животите отккао штотуку дојдоа на работа денес“, рече окружниот обвинител на округот Делавер, Џек Столштајмер.

Хеликоптерот на АБЦ 6 бил над местото на настанот, каде можеле да се забележат бројни полицајци и членови на други служби за итни случаи.

Некои улици во областа беа блокирани со полициска лента.Една жртва наводно е во критична состојба.

Идентитетот на напаѓачот се уште не е објавен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата