Пукотница во близина на џамија во Шведска, има повредени

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница во близина на џамија во Шведска, има повредени

„Има жртви, но во моментов немаме информации за нивната состојба“, се вели во полициското соопштение, објави Ројтерс.

Според извештаите, полицијата била повикана во 13:45 часот по локално време. Властите го истражуваат наводното пукање.

Сведоците рекле дека некој пукал во маж кој се враќал од молитва во џамијата во западниот дел од градот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата