Осум земји од ЕУ сè уште купуваат руски гас и покрај планот на ЕК за целосна забрана

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осум земји од ЕУ сè уште купуваат руски гас и покрај планот на ЕК за целосна забрана

Според неа, Белгија, Холандија, Франција, Шпанија и Португалија сè уште набавуваат руски течен природен гас, додека гас преку гасоводот Турски тек купуваат Грција, Словачка и Унгарија.

- Не знаеме каде точно завршува овој гас, бидејќи нема официјални информации за тоа. Знаеме каде гасот влегува во системот на ЕУ, но не знаеме каде останува и каде на крајот се троши, рече Итконен.

И покрај заложбите за намалување на зависноста, околу 19 проценти од увозот на гас во ЕУ сè уште доаѓа од Русија, што е значителен пад од 45 проценти пред 2022 година. По саботажата на цевководите Северен тек во 2022 година и прекинот на транзитот низ Украина, Турски тек остана единствената директна рута за руски гас до ЕУ.

Европската комисија соопшти дека земјите-членки продолжуваат да спроведуваат чекори за диверзификација на снабдувањето и проширување на инфраструктурата за течен природен гас, а истовремено работат на намалување на зависноста од рускиот гас. Ова вклучува одржување на залихи во подземни складишта и развој на алтернативни извори на енергија за подобрување на отпорноста на енергетскиот систем во Европа.

Порано оваа година, Брисел се откажа од идејата за целосна забрана за течен природен гас, поради противењето на неколку земји, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка, но во мај презентираше план за целосно укинување на руските нафтоводи и гасоводи до крајот на 2027 година. Но, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна изјави дека Унијата има намера да го суспендира увозот на руски течен природен гас од 1 јануари 2027 година, како дел од новиот пакет санкции.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата