НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала

Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела.

Полска и Романија, кои неодамна се соочија со зголемување на упадите на руски беспилотни летала  во нивниот воздушен простор, ќе бидат опремени со турскиот систем за воздушен надзор MEROPS.

Системот може да се монтира на хеликоптери и беспилотни летала и е способен да открива непријателски цели и низ облаци и прашина. Системот првпат беше претставен во 2022 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата