Хамас денеска објави фотомонтажа и слики од 47 заложници со натписи со името Рон Арад.
Арад беше израелски војник кој беше заробен по уривањето на воен авион во Либан во 1986 година. Неговата судбина оттогаш е извор на големи шпекулации и јавна загриженост, бидејќи неговите останки никогаш не се пронајдени.
Достоинствен погреб е од најголема важност за многу Израелци од религиозни и социјални причини. Ова особено важи за паднатите војници: израелската војска има кодекс кој предвидува дека војниците „нема да бидат оставени“, ниту живи ниту мртви.
По одлуката на Израел да го освои градот Газа и покрај предупредувањата за хуманитарна катастрофа, Хамас се закани дека ниту еден од заложниците нема да се врати жив во Израел.
Се препоставува дека околу 20 од 47-те заложници биле живи пред Израел да ја започне офанзивата во градот Газа во вторникот. Семејствата на заложниците предупредија за последиците од одлуката за напад врз Газа.
Се смета дека дека некои заложници се преместени од тунелите и распоредени низ неколку делови од градот за да се забави израелското напредување.
На фотомонтажата, Хамас го обвинува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека одбива да се согласи на прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Исто така, го осудува израелскиот воен командант Ејал Замир за извршување на наредбата за освојување на Газа и покрај неговото наводно противење.
Текстот на фотомонтажата е напишан на арапски и хебрејски јазик со јасно предупредување: „Поради одбивањето на Нетанјаху и покорноста на Замир, фотографија за збогум за почетокот на Операцијата Газа“.