Најмалку тројца загинати во руски напади врз Украина

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку тројца загинати во руски напади врз Украина

Претседателот Володимир Зеленски на Телеграм објави дека девет региони биле цел на напади - Дњепропетровск, Николаев, Чернигов, Запорожје, Полтава, Киев, Одеса, Суми и Харков.

- Непријателот ја таргетираше нашата инфраструктура, станбени области и цивилни претпријатија, рече Зеленски.

Тој, исто така, тврди дека ракета опремена со касетна муниција погодила повеќекатна зграда во градот Дњепарк. Според него, нападите биле намерна стратегија на Русија за заплашување на цивилите и уништување на украинската инфраструктура.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата