Во целиот Појас Газа, пак, денеска се убиени вкупно 47 лица.
Израелските вооружени сили засега не ги коментираат овие наводи.
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави масовно бомбардирање во неколку делови од градот Газа.
Според информациите објавени од израелската војска, околу 480.000 Палестинци го напуштиле градот, кој некогаш беше дом на околу еден милион луѓе. Тие се обидуваат да стигнат до хуманитарната зона во Маваси, која се наоѓа североисточно од градот Рафа во Појасот Газа.
Здравствените власти во Појасот Газа го проценуваат бројот на убиени Палестинци од почетокот на војната пред речиси две години на повеќе од 65.000, од кои повеќето се цивили.
Израел го обвинува палестинското движење Хамас дека користи цивили како човечки штитови.