Кенеди јуниор: Ние сме во војна поради тоа што компаииите, за профит, им го прават на нашите деца

20.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кенеди јуниор: Ние сме во војна поради тоа што компаииите, за профит, им го прават на нашите деца

Ова не е само економска војна. Не е само хемиска војна. Сите сме вклучени во духовна војна. Во текот на 20.000 генерации човечки суштества што живееле на оваа планета пред нас, примарниот биолошки и духовен поттик бил да се осигурат дека нивните деца се безбедни. И денес, страшно е што овие профитабилни корпорации го искористија својот капацитет да ја контролираат нашата влада и да ги контролираат медиумите за да нè свртат сите нас против тој најфундаментален биолошки поттик. Ги уништуваме нашите деца и го правиме тоа затоа што сме манипулирани да го правиме тоа преку сите владини институции. Ако некоја странска нација го стори ова на нашата земја, ќе го сметаме за воен чин. Тоа е неамериканско - вели во едно од своите последни експлозивни обраќања до американската јавност, Роберт Кенеди јуниор, секретарот за здравство на САД.

Тој истакнува дека на овие компании им е дозволено, преку мотивот за профит, да уништат сè што ценета вредност во САД. И затоа, според него, САД станале најлошата земја во светот во смисла на мерливост на успехот на една анција, а тоа е дали им овозможила подобар живот на своите деца.

Деновиве тој оствари средба и со неколку пациенти во рамки на неговата борба за поефтини лекови. Една од пациентките на средбата ја истакна својата мака:

„Проценувам дека потрошив над 180.000 долари од свој џеб само за мојот лек. 9.000 долари месечно, тоа не е опција за мене. Работев на три работни места за да сврзам крај со крај“. 

На ова, Кенеди рече: 

„Ова не е нешто што треба да се случува во Соединетите Американски Држави. Во просек, плаќаме околу 300 до 400 отсто повеќе. Во некои случаи, плаќаме 10, 12, 13 пати повеќе од она што го плаќаат другите земји за истиот лек што е направен од истата фабрика во Њу Џерси или некоја друга држава.

Ниеден Американец не треба да банкротира поради цените на лековите. И навистина сум неверојатно горд што сум дел од администрација која конечно ќе направи нешто во врска со тоа. И го охрабрувам тоа што оваа администрација смело и храбро се стреми да им помогне на пациентите“.

Кенеди додава дека моментално преговораат со фармацевтските компании и на крајот ќе се дојде до исход што ќе значи дека Американците ќе плаќаат за лековите исто колку што плаќаат луѓето во Европа и другите земји. Според него, тоа е единственото хумано и сочувствително нешто што може се направи за Американците од страна на администрацијата за здравство што тој ја раководи.

Во свое обраќање до американската јавност, тој го истакнува и следното: 

„Дозволете ми да ве прашам нешто. Дали лекарите треба да донесуваат одлуки врз основа на тоа што е најдобро за нивните пациенти или врз основа на тоа што им носи најмногу пари? Не е тешко прашање, но наследивме здравствен систем кој постојано ги турка лекарите кон второто. Тој наградува одредени третмани не затоа што се подобри за пациентот, туку затоа што некој профитира.“

Како пример го наведува тоа што се случи во САД за време на КОВИД кризата. 

„Земете го за пример она што се случи за време на КОВИД. Болниците беа платени да ги пријавуваат стапките на вакцинација на персоналот. Овие бројки беа внесени во Националната мрежа за безбедност на здравството, а потоа објавени на веб-страницата на Центар за контрола и превенција на болести за да се засрами секоја болница што одби да стане спроведувач на федералните задолжителни мерки за вакцинација.

Денес, со гордост објавувам дека ја елиминиравме таа политика со укинувањето на опасната одредба од ерата на Бајден во правилото за плаќање на болнички услуги на Центарот на медицински услуги (CMS). И не запираме тука. Го проверуваме секој агол од здравствениот систем за скриени стимулации што ја корумпираат медицинската проценка. Она што го откриваме е алармантно.

Лекарите беа платени за вакцинирање, а не за евалуација. Тие се под притисок да ги следат парите, а не науката. Неодамна откривме дека на повеќе од 36.000 лекари им се зголемиле надоместоците од CMS врз основа на стапките на вакцинација кај децата. Тоа не е медицина. Тоа е принуда. Тоа е неморално. Нема место во уставна демократија или во систем кој тврди дека ги штити децата“, вели Кенеди.

Тој е згрозен од тоа што лекарските одлуки се донесувале поаѓајќи од интересот за финансиски бонус или од владина наредба. Пациентите заслужуваат искрен, некорумпиран совет од своите лекари, вели Кенеди. Тоа е и една од целите на неговата борба. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата