Европските берзи пораснаа на почетокот на неделата

17.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европските берзи пораснаа на почетокот на неделата

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од два отсто.

Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,20 отсто, на 8.165 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,56 отсто, на 18.106 поени, а париски CAC за 0,60 отсто, на 7.548 поени.

Растот на индексот главно се должи на корекцијата на цените на акциите, откако минатата недела тие нагло паднаа поради политичката неизвесност во Франција. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата