Двајца американски офицери ја набљудуваа руско-белоруската воена вежба „Запад 2025“

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца американски офицери ја набљудуваа руско-белоруската воена вежба „Запад 2025“

- Ќе ви покажеме се што ве интересира. Се што сакате. Можете да го посетите полигонот, да разговарате со луѓето, изјави Хрењин.

На вежбата „Запад 2025“, што почна на 12 септември, а ќе трае до утре, присуствуваат претставници на 23 земји, меѓу кои и две земји-членки на НАТО - Турција и Унгарија.

Присуството на американски офицери е најновиот знак за затоплување на односите меѓу Вашингтон и Белорусија, близок руски сојузник кој ѝ дозволи на Москва да ја користи нејзината територија за да испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко мината недела во Минск разговараше со американскиот специјален пратеник Џон Коул, по што беа ослободени 52 политички затвореници, вклучително и новинари.

САД, пак, ѝ одобрија олеснување на санкциите на белоруската национална авиокомпанија „Белавија“, дозволувајќи ѝ да сервисира и купува делови за својата флота, која вклучува авиони „Боинг“.

Коул посочи и дека американскиот претседател Доналд Трамп планира во блиска иднина повторно да ја отвори Амбасадата на САД во Минск и да ги нормализира врските и да ги оживее економските и трговските односи со Белорусија.

Москва и Минск нагласуваат дека вежбата „Запад 2025“ е исклучиво од одбранбен карактер и дека немаат намера да нападнат ниту една членка на НАТО. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата