Полициските и противпожарните единици за деактивација на бомби реагирале во петокот, кога сомнителна направа била пронајдена под возило паркирано во близина на станбена зграда.
Истражителите утврдиле дека активирачот на бомбата бил вклучен, но не дошло до експлозија, пренесуваат американските медиуми.
ФБИ ги идентификувал двајцата осомничени и издал налог за претрес на куќа во населбата Магна, западно од центарот на градот.
Мажите, на возраст од 31 и 58 години, се уапсени и се соочуваат со обвиненија за нелегално поседување оружје и терористички закани.
Соседните куќи биле евакуирани за време на претресот, при што биле пронајдени експлозив, огнено оружје, нелегални наркотични средства и друг прибор. Властите соопштиле дека биле пронајдени и најмалку две направи за кои се покажало дека се „лажно оружје за масовно уништување“.
Мотивот на двајцата осомничени засега не е познат.