Руската амбасада во Букурешт го нарече упадот со дронови во Романија „провокација“ од страна на Украина

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руската амбасада во Букурешт го нарече упадот со дронови во Романија „провокација“ од страна на Украина

За време на состанокот, амбасадорот Владимир Липаев го нарече протестот на Романија, во кој ја обвинува Русија, „неоснован“, се вели во соопштението објавено синоќа од амбасадата.

-Сите факти укажуваат дека ова навистина била намерна провокација од страна на режимот во Киев, се додава во соопштението.

Романското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во неделата за да му предаде протест поради она што го опиша како неприфатлив упад на руски дрон во романскиот воздушен простор во саботата, неколку дена по спектакуларниот упад на група руски дронови во Полска, што беше осуден од Европската Унија.

На шефот на руската дипломатска мисија, Владимир Липаев, му беше врачен „силен протест“ поради „овој неприфатлив и неодговорен чин“, се вели во соопштението на министерството.

Министерството „ја повика руската страна да ги преземе сите потребни мерки“ за да спречи повторно да се случи такво „кршење на суверенитетот на Романија“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата