Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство

Полициски единици се испратени во резиденцијата на 70-годишниот Болсонаро, кој веќе се наоѓаше во домашен притвор и се следи со електронска наногица, појаснува германската агенција.

Болсонаро, заедно со воени офицери, политичари и негови истомисленици  се соочува со судење за наводно планирање државен удар по неговиот изборен пораз во 2022 година од левичарскиот наследник Луиз Инасио Лула да Силва. 

Поранешниот претседател ги негира обвинувањата и се изјасни за невин. Пресудата се очекува во наредните недели.

Судот ги наведе постапките на синот на Болсонаро, Едуардо, кој моментално е во САД и наводно лобирал во Вашингтон да заземе тврд став против Бразил за да се изврши меѓународен притисок во судскиот процес на неговиот татко.

САД неодамна воведоа царини од 50 отсто за бразилски текстил, машини, храна и хемиски производи, пренесе ДПА. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата