Два контејнера се запалија и беа гасени од безбедно растојание со водени топови, изјави портпаролот на противпожарната служба во Хамбург.
За да се спречи ширењето на пожарот, службите за итни случаи поставија водени завеси меѓу контејнерите, пренесува ДПА.
Утрово, околу 30 пожарникари сè уште беа на терен, со задача да откриваат жаришта и да отвораат контејнери за да ги изгаснат.
Истрагата за причината за пожарот ќе започне дури по целосното гасење, соопштија властите.