Во автобуска несреќа во Кабул загинаа 25 лица, а 27 се повредени

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во автобуска несреќа во Кабул загинаа 25 лица, а 27 се повредени

Несреќата се случи синоќа во областа Арганди во Кабул, а според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, причината е невнимание на возачот.

Минатата недела, во западната провинција Херат, во друга сообраќајна несреќа загинаа 78 лица, вклучително и 17 деца, кога автобус со депортирани лица од Иран се судри со мотоцикл и камион, по што избувна пожар.

Сообраќајните несреќи се чести во Авганистан поради лошите патишта, недоволното одржување на возилата и непромисленото возење, при што годишно гинат илјадници луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата