Видео-фото: Роберт де Ниро и Ал Пачино заедно во нова реклама за јакни

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео-фото: Роберт де Ниро и Ал Пачино заедно во нова реклама за јакни

Кампањата наречена „Потопло заедно“ снимена е во Њујорк, САД. Тоа не е само промоција на облеката, се вели, туку и на вредностите како што се блискоста и довербата. Пораката на кампањата е да се пренесе топлината што доаѓа не само од облеката, туку и од меѓучовечките односи преку приказната за долгогодишното пријателство на двајцата глумци. За фотографиите беше задолжен грчко-британскиот фотограф Платон Антониу, кој во црно-бели снимки ги прикажа Пачино (85) и Де Ниро (82), во спонтан разговор и дружење, додека ги носеа јакните од новата колекција.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Moncler (@moncler)

Во еден од видеоспотовите од кампањата, Де Ниро изјавува: „Топлината никогаш не доаѓа однадвор, туку одвнатре“. Ал Пачино додава: „Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Moncler (@moncler)

„Монклер“ е основан во 1952 година во Франција, а денес се смета за еден од водечките светски брендови за луксузна облека. Брендот е познат по својата зимска облека, а последниве години сè повеќе ја комбинира модата со културни, супкултурни и емотивни приказни.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Moncler (@moncler)

Под раководство на Ремо Руфини, сè почесто соработува со познати имиња од светот на уметноста, филмот и музиката. Кампањата е придружена со нова верзија на песната „Lean on Me“, изведена од американскиот музичар Тобе Нвигве и неговата сопруга Мартика „Фет“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата