Бројни јавни личности, уметници, луѓе од естрадата. Сите обединети во тагата и согласни за големата загуба. Велат загубивме врвен професионалец, голем другар и хуманитарец.
Панчо пред два дена ја загуби последната битка, по седуммесечно лекување во болница во фаталниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Замина на 46 години. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.
Панчо е деветтиот член на ДНК кој го загуби животот во пожарот, по Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.
Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. објави Скопје1.мк
Панчо денеска попладне беше погребан на градските гробишта во Бутел.