Луксузниот одморалиште е познат како „португалски Хемптонс“ и се наоѓа на еден час јужно од Лисабон, пишува Дејли Меил.
Актерката поднела барање до португалската агенција за емиграција уште во јули, и дури тогаш се појавиле прашања бидејќи на документите не било ставено и името на Кит.
Доколку Никол и нејзините ќерки Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14) се преселат во Португалија, тие ќе имаат многу познати соседи.
Во овој лусузен комплекс во одморалиштето Компорта кој Никол го посети летови,куќи имаат и Принцот Хари и Меган Маркл, Џорџ Клуни, Парис Хилтон и принцезата Евгенија .
Минатата година, Хари и Меган наводно потрошиле 4,7 милиони долари за луксузен стан на плажа во истиот комплекс.
Никол се разведува од Кит по 19 години брак. Двојката поседува имоти во Тенеси, Менхетен, Сиднеј и Нов Јужен Велс, како и вила во Беверли Хилс, но сè уште не е познато како ќе се подели имотот.
Никол поднесе барање за развод минатиот месец, наведувајќи „непомирливи разлики“, додека извор за Дејли Меил изјави дека Урбан можеби веќе е во нова врска.