Видео

Одговорот на ТИНА ТАРНЕР и ШЕР и после 15 години е ХИТ! Што рекле на прашањето за стареењето

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одговорот на ТИНА ТАРНЕР и ШЕР и после 15 години е ХИТ! Што рекле на прашањето за стареењето

Жена лавица, неприкосновен музички талент и светска ѕвезда, Тина Тарнер, почина во својот дом во Цирих на 83-годишна возраст. Таа остана запаметена како една од најомилените ѕвезди која ја обожаваа колегите.

Еден од најпопуларните клипови на Тина Тарнер, кој постојано кружи на сите социјални мрежи во последните 10 години, е оној од шоуто на Опра Винфри. Пејачката и нејзината колешка Шер гостуваа кај познатата водителка и зборуваа за нивните неверојатни кариери. Во видеото Тина Тарнер има 68 години, а Шер 61 година.

На изјавата на Опра Винфри дека е неверојатно што сè уште ја работат истата работа, со ист интензитет, како кога имаа дваесетина години, и дека ја интересира какво е чувството „кога ќе се остари“, Шер духовито рече: Мислам дека тоа е срање“, а публиката и Тина Тарнер не можеа да престанат да се смеат.

 

 

„А што е со мудроста…“, продолжи Опра, а Шер додаде: „Зае*и го тоа“, што уште повеќе ја насмеа публиката и Тина Тарнер, која се согласи дека староста и годините не донеле ништо спектакуларно.

Тина Тарнер и Шер за прв пат настапија заедно на 27 април 1975 година во шоу програмата „The Cher Show“ и останаа најдобри пријателки во текот на кариерата.

Шер сè уште не проговорила за смртта на Тина Тарнер, но сигурно ќе има многу што да каже за саканата музичка ѕвезда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата