Лиам Хемсворт по 6 години врска ѝ предложил брак на убавата манекенка

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лиам Хемсворт по 6 години врска ѝ предложил брак на убавата манекенка

Габриела објави две фотографии на Инстаграм, од кои на едната позира со Лиам, додека на другата го гледа нејзиниот веренички прстен.

Со фотографиите стави само емотикон во облик на бело срце, без дополнителни зборови.

Нивната врска започна кон крајот на 2019 година кога Лиам првпат ја запозна Габриела со своите родители, Крег и Леони Хемсворт.

Иако се во врска со години, двојката ретко се појавува во јавноста, а своето прво официјално излегување заедно го имаа во 2021 година на добротворната организација „Златна вечера“, каде што им се придружија братот на Лиам, Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата