Фото: Јосипа Лисац позираше на море и ги воодушеви фановите

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Јосипа Лисац позираше на море и ги воодушеви фановите

Имено, музичката дива, позната по своите интересни креации, позираше на палубата во црна тесена гардероба со долги ракави и панталони кои целосно го покриваа нејзиното тело.

„Мала пауза пред она што доаѓа. Повеќе наскоро!“ напиша 75-годишната Јосипа со објава која го привлече вниманието на нејзините следбеници, но и збуни многумина.

„Убава“, „Прекрасна“, „Браво, Јосипа! Брилијантна“, „Вистинска дама со уникатен стил! Прекрасна!“ и „Како тоа, таа никогаш не се сонча? Секогаш заштитена, ова навистина ме изненади!“, се некои од коментарите под објавата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac)

Заштита од сонцето

Патем, ова не е прв пат Јосипа да позира во оваа комбинација. Музичарката секоја година го поминува летото покриена од глава до пети, а претходно објасни дека не може да го поднесе сонцето и секогаш ја штити својата светла кожа од сончевите зраци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата