Ејс Фрели од рок група „KISS“ почина на 74 години

17.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ејс Фрели од рок група „KISS“ почина на 74 години

„Целосно сме уништени и со скршено срце,“ сподели семејството на Фрели. „Во неговите последни моменти, имавме среќа што можевме да го опкружиме со љубов, грижа, мирни зборови, мисли, молитви и намери додека го напушташе овој свет. Ги цениме сите негови најубави спомени, неговата смеа, и ги славиме неговата сила и добрина кои им ги подаруваше на другите. Големината на неговото заминување е епска и тешко разбирлива. Размислувајќи за сите негови неверојатни животни достигнувања, споменот на Ејс ќе живее засекогаш!“

Роден во Бронкс во 1951 година, Фрели почнал да свири гитара како тинејџер во шеесеттите години. Настапувал во неколку бендови пред да одговори на огласот на Пол Стенли во 1972 година, кој барал водечки гитарист. По аудицијата, Фрили го дизајнирал логото на „KISS“ и ја создал својата сценска личност „Space Ace“ (подоцна „The Spaceman“), инспирирана од неговата љубов кон научната фантастика.

Бендот потпишал договор со диско издавачката куќа „Casablanca“ и го објавил својот истоимен деби албум во 1974 година. Фрили свирел на повеќето од легендарните албуми на групата, вклучувајќи ги „Destroyer и Alive!“, а понекогаш и пеел како водечки вокал. Во 1978 година, сите четворица членови на „KISS“ објавиле соло албуми, а токму оној на Фрили бил најуспешен — неговиот LP содржел кавер на диско-хитот на Hello „New York Groove“, кој се најде на Billboard топ-листата на синглови.

Фрели се разделил со KISS во 1982 година, а неговиот нов бенд „Frehley’s Comet“ го објавил својот деби-албум во 1987 година. Продолжил да издава соло-албуми, а последниот — 10,000 Volts — го објави минатата година. Во 1996 година, сите четворица оригинални членови на „KISS“ повторно се обединија за албумот „Psycho Circus“ и тргнаа на турнеја со целосна шминка. Во 2001 година, Фрили ја објави својата автобиографија „No Regrets: A Rock’n’Roll Memoir“.

„Длабоко сме погодени од смртта на Ејс Фрели,“ изјавија неговите поранешни колеги од „KISS“, Џин Симонс и Пол Стенли. „Тој беше суштински и незаменлив рок-војник во некои од најважните и основоположни поглавја од историјата на бендот. Тој е и секогаш ќе биде дел од наследството на „KISS“. Нашите мисли се со Жанет, Моник и сите што го сакаа, вклучувајќи ги и нашите фанови ширум светот.“

Пренесува: Ourculture

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата