Таа се лекува во приватна болница во Тулон, на југот на Франција, недалеку од нејзиниот дом во Сен Тропе. Според наводите, таа била подложена на „операција поради сериозна болест“ и се очекува да биде пуштена за неколку дена.
Нејзината состојба, се вели, е загрижувачка.
Глумицата, родена 1934 година, според ИМДБ, глумела во 60 филмски и ТВ-проекти - до 1973., кога и се повлекла од глумата. Потоа му се посвети на јавнотото застапништво за правата на животните.