Тоалетата, направена со рефлектирачка ткаенина во сјајна сребрена нијанса, совршено ја следи линијата на телото и фигурата на глумицата. Елегантните детали, пак, дополнително ја збогатија силуетата, давајќи му на фустанот луксузен и софистициран изглед. Ким го заокружи својот изглед со дискретна шминка и елегантна фризура, што му овозможи на фустанот да остане во фокусот на вниманието.
Во ТВ-серијата, Кардашијан, која се движи кон средината на петтото десетлетие од својот живот, ја глуми главната улога на моќна адвокатка за разводи, која одлучува да ја напушти адвокатска канцеларија каде што има повеќе мажи и да отвори своја, „претежно женска“ фирма.
Заедно со Кардашијан, на црвениот тепих исчекорија и Наоми Вотс, Ниси Неш, Тејана Тејлор и Сара Полсон, кои исто така оставија впечаток со своите модни избори.
Кардашијан на црвениот тепих изјави дека работењето со ѕвезди како нив, за неа е „сон што се остварува“ и дека „често мора да се потсетува дека тоа не е сон“ додека е на снимање.