Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот.
Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги играле виконтот де Валмон и госпоѓа де Турвел.
За време на снимањето на филмот, оженетиот Малкович (тогаш во брак со Глен Хедли) и Фајфер (тогаш во брак со Питер Хортон) започнале љубовна романса.
Сепак, и покрај тоа што подоцна двајцата се разведоа од своите сопружници, нивната врска не траела долго и секој си тргна по свој пат.
Сега славниот актер проговори за тоа.
Во неодамнешното појавување во подкастот „Fashion Neurosis“, 71-годишниот Малкович за прв пат детално зборува за тој период. „Тоа не е нешто за кое некогаш навистина сум зборувал“, призна тој пред водителката Бела Фројд. „Да го кажеме вака. Во работата што обично ја работам, многу брзо формирате емотивни врски со луѓето. Тоа е еден вид дел од работата. Многу ретко тие врски одат надвор од границите на работата“, објасни актерот.
Малкович сугерираше дека сметал дека со сексуалната врска го саботирал својот професионален однос со Фајфер, која многу ја почитувал. Тој ја опишал како „некоја што многу ја почитувал како колешка, која била многу забавна и прекрсна, и неверојатно искрена со мене. А... јас тоа сигурно не бев“.