Ужас: Халанд за Сити одиграл шест финалиња и постигнал НУЛА голови!

26.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас: Халанд за Сити одиграл шест финалиња и постигнал НУЛА голови!

Вистина е дека Ерлинг Халанд според бројките е врвен голгетер, веројатно во моментов најдобар класичен напаѓач во светот. Но, сепак има вистина во тоа дека Норвежанецот просто не е за големи натпревари. Тоа се виде и вчера на финалето во ФА Купот против Манчестер Јунајтед, кое Сити го загуби со 1:2 а Халанд беше невидлив на теренот.

Дека има вистина во овие коментари говори податокот дека за две години колку што е Халанд во Сити тој настапил на шест финалиња и не успеал да постигне барем еден гол. Навистина ужасен податок за него.

Сити со Халанд играше во финале во ЛШ, потоа во две финалиња во ФА Купот, еднаш во Супер Купот на Европа и двапати во Комјунити Шилдс и на сите тие мечеви Норвежанецот не успеа да се запише во листата на стрелците.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата