Роналдо веќе прави планови да игра и на Светското првенство во 2026 година

17.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо веќе прави планови да игра и на Светското првенство во 2026 година

За 39-годишниот напаѓач на Португалија, Кристијано Роналдо, ова нема да биде последен гоилем турнир на кој ќе учествува. Барем така тврди самиот тој. Роналдо сака да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво, а тековното Европско првенство 2024 можеби нема да биде неговиот последен голем турнир, бидејќи тој планира да игра и на Светското првенство во 2026 година.

Репрезентацијата на Португалија на Европското првенство 2024 година, кое започна на 14 јуни во Германија, е во група со селекциите на Чешка, Турција и Грузија. Роналдо и неговите соиграчи ќе го одиграат воведниот натпревар на ЕП 2024 против Чешка на 18 јуни.

Португалската репрезентација го освои ЕП во 2016 година, па Роналдо се надева дека и оваа година ќе имаат високи цели во Германија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата