„Петарда“ после 75 години: Атлетико првпат од 1950 година му даде 5 гола на Реал

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Петарда“ после 75 години: Атлетико првпат од 1950 година му даде 5 гола на Реал
фото: Spidy Atletico (X)

Атлетико Мадрид му немаше дадено пет гола на својот лут градски соперник повеќе од 75 години. Имено, последен пат „јорганциите“ петпати ја погодиле мрежата на Реал (М) на меч одигран во 1950 година.

Всушност, на двата натпревари меѓу овие два тима во таа 1950 година, Атлетико постигна две убедливи победи од 5:1 и 6:3.

Денес, тимот на Диего Симеоне го победи Реал Мадрид во 7. коло од Ла Лига со резултат од 5:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата