Овен фрапиран од играта на дефанзивецот на Ливерпул: Конате не знаеше што прави

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овен фрапиран од играта на дефанзивецот на Ливерпул: Конате не знаеше што прави
фото: LFC (X)

Некогашниот голгетер на Ливерпул, Мајкл Овен имаше остри критики на играта на дефанзивецот на „црвените“ Ибрахима Конате на денешниот меч со Кристал Палас. По мечот во коментар, Овен го нарече Конате – изгубен.

„Не знам дали беше замор, но тие одморија доста играчи во средината на неделата во Карабао Купот. Но, не изгледаа добро. На почетокот на сезоната сме, би се двоумел да го обвинам заморот. Мислам, Конате во првото полувреме не знаеше што прави. Не можам да кажам дека тоа беше поради замор. Видовме еден или два слични настапи од него оваа сезона“, вели Овен.

Централниот бек е позиција што предизвикува загриженост за Ливерпул, особено по веста дека Џовани Леони, ќе отсуствува до една година откако доживеа сериозна повреда на своето деби за клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата