Аталанта освои бод на гостувањето кај Јуве (ВИДЕО)

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аталанта освои бод на гостувањето кај Јуве (ВИДЕО)

Јувентус и Аталанта одиграа 1:1 на дербито од 5. коло од италијанската Серија А, кое се одвиваше со голема борба на двата тима. Екипата на Игор Тудор влезе во натпреварот со попозитивно расположение, бидејќи Пјер Калулу се закани уште во втората минута погодувајќи ја пречката.

Првата можност за Аталанта ја пропушти Никола Крстовиќ, но до крајот на полувремето  Камалден Сулемана ѝ донесе водство на Аталанта во првата минута од судиското продолжение.

Јувентус ја бараше својата шанси и дојде до гол за израмнување во 79. минута преку Кабал. Можноста за целосен пресврт на Јувентус ја пропушти МекКени, чиј удар по корнер беше спречен од голманот на Аталанта.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата