Објавени резултатите од гласањето за „Златната топка“: Воопшто не било напнато

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени резултатите од гласањето за „Златната топка“: Воопшто не било напнато
ФОТО: Ballon d`Or/X

Усман Дембеле славеше пред Ламине Јамал на неодамнешното гласање за „Златната топка“, а „Л’Екип“ ги откри резултатите од гласањето кои покажуваат дека напаѓачот на ПСЖ доминирал во наградата пред ѕвездата на Барселона. Разликата во гласањето била 321 поен, пишува „Л’Екип“.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа минатиот понеделник, а Дембеле стана шестиот Французин кој ја освоил титулата, придружувајќи им се на Рејмон Копа, Мишел Платини, Жан-Пјер Папен, Зинедин Зидан и Карим Бензема. Со оваа победа, Франција се израмни со Аргентина на врвот на листата на најуспешни земји со осум освоени трофеи.

Убедлива победа
За разлика од минатогодишното издание, кога Родри (Манчестер Сити) тесно го победи Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) со само 41 поен разлика, оваа година немаше неизвесност. Победата на напаѓачот на ПСЖ беше далеку поубедлива од онаа на неговиот главен конкурент, младиот Ламин Јамал.

Доминација во гласовите
Колку доминација покажа Дембеле најдобро сведочи фактот дека дури 73 од 100 членови на жирито го ставија на првото место. Тоа е 62 пати повеќе од Јамал, кој беше на врвот на листата само 11 пати. Интересно е што Витиња (6), Мохамед Салах (4), Ашраф Хакими (3) и Килијан Мбапе (1) исто така добија гласови за првото место.

Конечниот пласман на Златната топка за 2025 година.

Усман Дембеле (Франција, ПСЖ), 1380 поени
Ламине Јамал (Шпанија, ФК Барселона), 1059 поени
Витиња (Португалија, ПСЖ), 703 поени
Мохамед Салах (Египет, Ливерпул), 657 поени
Рафиња (Бразил, ФК Барселона), 620 поени
Ашраф Хакими (Мароко, ПСЖ), 484 поени
Килијан Мбапе (Франција, Реал Мадрид), 378 поени
Кол Палмер (Англија, Челзи), 211 поени
Џанлуиџи Донарума (Италија, ПСЖ), 172 поени
Нуно Мендеш (Португалија, ПСЖ), 171 поен


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата