Нов скандал избувна во светскиот фудбал, а овојпат ФИФА не покажа милост и воведе санкции за една од своите членки.
Во центарот на скандалот е репрезентацијата на Малезија, која фалсификувала документи за седум репрезентативци на својата земја, кои настаија против Виетнам во третото коло од квалификациите за АФЦ Купот на Азија 2027 година.
Фудбалската федерација на Малезија доби парична казна од 350.000 швајцарски франци и условна казна – суспензија од ФИФА. Секој нареден прекршок ќе ги чини Малезиците скапо и ќе добијат забрана за играње официјални натпревари.
Споменатите седум фудбалери добија едногодишна забрана за вршење фудбалски активности.
ФИФА и порано покажала дека ќе биде ригорозна во почитувањето на своите начела, па под лупа се и најмалите неправилности кај репрезентациите.
Посебни казни ќе следат за федерациите каде што политиката има влијание.
Неодамна и фудбалската репрезентација на Еритреја доби суспензија од ФИФА и беше исфрлена од квалификациите за Светското првенство. Поради политички влијанија, претходно суспензија имаше и Фудбалската федерација на Брунеи.
Средината на годинава ФИФА поради дискриминаторско однесување казни седум свои членки.
Казни добија Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, БиХ и Индонезија, а беше наложено и намалување на капацитетот на домашните стадиони.