„Му понудивме 1,4 милијарди евра, тој веднаш ја одби нашата понуда“!

17.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Му понудивме 1,4 милијарди евра, тој веднаш ја одби нашата понуда“!

Имаше шпекулации дека Лео Меси по ПСЖ ќе се пресели во С. Арабија и тоа за неверојатна сума од 400 милиони евра по сезона. Тоа е двојно повеќе од тоа што го зема Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Дека навистина имало понуда од С. Арабија и тоа од Ал Хилал, деновиве говореше и претседателот на тој клуб Анмар Ал Каили.

Да, точно е дека ние разговаравме со Лео, му понудивме сума од 1,4 милијарди евра, но тој веднаш ја одби нашата понуда. Ни рече дека поради семејството има намера да се пресели во САД и да игра за Интер Мајами на Флорида. Јасно е дека ова се големи пари, но уште појасно е дека семејството е најважно“ посочи првиот човек на Ал Хилал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата